АктуелноОхрид

ЈП „Охридски Комуналец“ : Непочитување на календарот на акциите за кабаст и зелен отпад

И покрај акцијата која на ден 16.10.2026 год. (петок) се реализираше во УЗ.3 и УЗ.4: населби Кошишта, Воска и Даљан, согласно Календарот за 2026 год, за која граѓаните беа навремено и транспарентно информирани, нашите служби беа вонредно и дополнително ангажирани за подигнување на кабаст и зелен отпад оставен после акцијата (во попладневните часови во петокот и за време на викендот)
📍 Непочитувањето на динамиката за реализирање на акцијата беше евидентирана на многу локации на улиците: Васил Стефоски, Ариф Мустафа, Шар Планина, локалитет Лабино и други делови од населбите Воска и Даљан
📍 Во текот на денешниот ден вонредно се изврши подигнување на несоодветно депониран кабаст и зелен отпад по улици: 7-ми Ноември, Егејска, Сирма Војвода, Питу Гули, Јордан Мијалков и Богомилска; Подигнати се вкупно 36 м3 кабаст и зелен отпад
📍 Апелираме да се почитува динамиката наведена во Календарот за 2026 год. и кабастиот и зелениот отпад да се остави на достапни локации најкасно до 07:00 часот на денот од акцијата