Надзорот е извршен од страна на Државен Инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Пелагониски и Југозападен регион, Канцеларија во Охрид. Вонредниот инспекциски надзор е реализиран по претходно добиена претставка по електронски пат со фотографија дека од објектите кои се наоѓаат во изворското езерце има загадување на водите. При увидот е константирано дека на посочената локација од претставката нема обојување на водата како што има на сликата од претставката. Во внатрешниот дел на ресторанот кој служи како магацин немаше излевање на масни флеки од масло за јадење и бетонскиот дел беше сув, информираат од ДИЖС.
Додаваат дека било констатирано дека субјектот има Елаборат за заштита на животната средина изработен во април 2015 година за кој има добиено решение за одобрување на елаборат за заштита на животната средина со бр. УП1-11-185/7 од 05.06.2015 година издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во ресторанот постои сепаратор за мастите кој беше исполнет до половина односно сеуште имаше простор да собира масти.
– При надзорот беа приложени транспортни формулари од 05.06.2021 година за подигање на отпадни масла и масти во количина од 50 кг и од 09.06.2022 година за подигање на масти и масла за јадење од растително потекло во количина од 54 кг. Отпадното масло кое потекнува од угостителство е неопасен отпад. Од страна на претставникот на субјектот беше изјавено дека водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води е регулирано од страна на манастирот „Св. Наум“, додаваат од ДИЖС.
ohridpress