понеделник, ноември 18, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

„ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид повторно во акција на „Софија Опен 2022“

Викендов што доаѓа Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе учествува на Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „Софија Опен 2022 “ во соседна Бугарија кој се организира за прв пат , а своето учество го имаат пријавено клубови од повеќе земји.

На овај натпревар одлучивме боите на клубот а воедно и на Македонија да ги бранат тројца натпреварувачи , Европските вицешампиони, Давид Крстескеи, Христијана Парулеска и Елена Јанеска. Иако конкуренцијата е голема и квалитетна според пријавите,се надеваме на успех, вели тренерот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, кој користи прилика да изрази најголема благодарност до нивниот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“ кој e најзаслужен за нивното учество на овај престижен натпревар,а и за сите нивни учества на најпрестижните турнири како и за нивните огромни успеси.

Исто така од клубот го најавуваат нивниот турнир “ОХРИД ОПЕН 2022”,кој е меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир и ќе се одржи на 25 јуни 2022 во СРЦ „Биљанини извори“, влезот ќе биде бесплатен за да имаме можност да ги гледаме нашите натпреварувачи и да уживаме во убавините на овој атрактивен спорт.