четврток, ноември 14, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Во пресрет на туристичката сезона локалниот совет за превенција одржа состанок со угостителскиот еснаф

Локалниот совет за превенција при Општина Охрид, денес, одржа состанок со претставници на угостителскиот еснаф. На состанокот се разговараше за преземање на превентивни мерки во пресрет на претстојната туристичка сезона.

Нагласено беше дека угостителите мора да ги почитуваат законските одреби за рабoтното време, бучавоста и присуството, односно не присуството на малолетни лица. Исто така, претставниците од Територијалната против пожарната единица, апелираа до угостителските објекти да ги извршат законските задолженија во врска со обезбедување на противпожарни апарти и обука на лица за ракување со истите, со цел за превенирање од пожари.

Согласно информациите кои пристигнуваат до полициската станица во Охрид, за одредени собиралишта на лица, од страна на полициските службеници ќе бидат извршени дополнителни контроли на мапираните локации.

Градоначалникот Кирил Пецаков, потенцираше дека целта на овие состаноци е да се подигне нивото на јавна безбедност во градот за претстојната туристичка сезона и нагласи дека во наредниот период локалниот совет за превенција ќе одржи повторно состанок со угостителите.

 

општина Охрид