понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноВидеоОхрид

Туристичка сезона 2022 – Се враќаат линиите со Израел и Лондон, доаѓаат туристи од Холандија, се враќаат и кружните тури

2022 година по многу нешта е предизвикувачка, пред се поради состојбите кои се случуваат во Европа, но Македонија како туристичка дестинација. Очекувам да имаме раст некаде помеѓу 30 и 50%, односно да ја достигнеме бројката некаде од два и пол милиони ноќевања, вели за NEWS1.mk Љупчо Јанески, директор на „Агнецијата за поддршка и промоција на туризмот“.

„Еве со првите чартери кои веќе стартуваа од Холандија, а треба да ги имаме околу 65 оваа сезона, потоа со линија Катовице – Охрид, повеќе од 30 чартери, дополнително ќе имаме чартери од уште еден холандски оператор, потоа чартери од Тел Авив за Охрид, од Турција за Охрид, а се надеваме дека ќе имаме и повеќе кружни патувања, односно портфолиото на туристичките дестинации од кои ќе бидеме посетени во 2022 год многу пати ќе се зголеми. Охриѓани веќе можат да почувствуваат како се зборува бразилски, мексикански, а исто така во текот на мај беа забележани и останати тури како што се од Турција, Холандија, Полска, Израел од Малезија. Се надеваме дека во 2022 год. ќе го достигнеме и ќе го зголемиме девизниот прилив отприка на 430 милиони долари.

Изјавата на Јаневски во целост во продолжение…

Во 2022 год ќе тестираме можности на поголем број тур оператори кои ќе ја сервисираат Македонија како туристичка дестинација за 2023 год

видео: NEWS1.mk

фото: NEWS1.mk