На 15.05.2022 година во 02,50 часот, полициски службеници од СВР Охрид- одделение за недозволена трговија со дрога, го лишија од слобода лице на (28) години од струшкото село Лабуништа.
При преглед извршен на булеварот „Железничка“ во Охрид, кај него пронајдена и одземена е кеса со опојна дрога Кокаин.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид