АктуелноОхрид

Покрај Охрид и Општина Струга бара недела да биде работен ден

Општина Струга и градоначалникот Рамис Мерко се приклучуваат кон барањето на туристичкиот сектор, гастрономите, кафе баровите и дуќанџиите – недела да биде работен ден во туристичките градови, меѓу кои и во Струга.

– Струга е град кој зависи од летната сезона, така што, недела неработен ден сериозно ќе го загрози и негативно ќе влијае на локалниот економски развој и пошироко, соопшти Општина Струга.

Барањето, како што е наведено, било испратено до Министерство за економија, односно Владата на Република Северна Македонија, со цел изнаоѓање начин за носење решение недела да биде работен ден во текот на туристичката сезона.

– Очекуваме посета на министерот за економија и заеднички да разговараме за изнаоѓање на решение, кое ќе ги задоволи потребите на граѓаните на Струга, се наведува во информацијата на Општина Струга.