News1.mkАктуелноОхрид

СОНК одлучи: Штрајкот во училиштата продолжува, во градинките ставен во мирување

По седницата на раководството на СОНК, првиот синдикалец Јаким Неделков изјави дека понудата за зголемување на платата од 12 проценти од страна на владата е одбиена и дека штрајкот кај вработените во основните и средните училишта продолжува, додека во мирување е ставен кај вработените во градинките.

Нашите членови во текот на денешниот ден се изјаснуваа во однос на предлозите на владата и можам да кажам од сумираните резултати дека од вкупно 480 синдикални организации кои дадоа податоци за нивното изјаснување, 388 беа за продолжување на штрајкот, а само 83 беа за прекинување на штрајкот – рече Неделков.

Тој потенцираше дека најголемиот дел од оние коишто се прекинување на штрајкот се синдикалните организации од детската заштита, а без исклучок огромниот број за продолжување на штрајкот се од основните и средните училишта.

Според резултатите советот на СОНК донесе одлука дека штрајкот во основните и средините училишта продолжува и утре се до наоѓање на заедничко прифатливо решение помеѓу синдикатот и владата. За во градинките е донесена одлука штрајкот да биде ставен во мирување и од утре тие да започнат да работат со ист интензитет како и претходно – истакна претседателот.

Советот на СОНК по сумирањето на резултатите и поради незадоволството од понудениот предлог, донело одлука да се организира голем масовен протест пред владата на Македонија, а кој треба да се одржи на 4 мај (среда).