АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Во Цер ќе бидат одбележани 117 години од смртта на војводата Христо Узунов и неговите соборци

Пред споменикот во кичевското село Цер денеска ќе биде одбележана 117 годишнината од погибијата на Христо-Димитров Узунов, македонски револуционер, учител и војвода.На ова одбележување се очекува да присуствуваат претставници од локалната самоуправа од родниот град Охрид, на охридските и кичевските основни училишта чиј патрон е војводата, претставници од местото на погибијата село Цер и почитувачи на животот и делото на Узунов од Кичево, Битола и други градови од овој дел на земјава.

 

Херојското дело на Узунов и неговите комити, силно ќе одекне на европскиот континент и сите со бескрајна почит пишувале за херојството на комитите и нивниот војвода.