АктуелноОхрид

Од денеска, на Велигден, официјално започнува со работа Radio Happy

По подолг период на тестирање и комплетно брендирање, од денеска, 24-ти април 2022 година, ден Велигден, официјално започнува со работа Radio Happy.

Станува збор за дел од поголема дигитална платформа, наменета за комплетно да одговори на сите барања на современиот корисник на информации.

Сегментот Radio Happy Ви нуди на едно место 15 музички канали, односно радио станици со врвен музички избор.

– Нудиме совршено решение за уживање дома или во угостителските објекти – soundtrackot кој ја пополнува „тишината“ во кафе баровите, хотелите и рестораните, го надополнува највкусниот оброк или го подобрува уживањето со утринското кафе. Radio Happy е интегрирано музичко решение, комплетно БЕСПЛАТНО за Вас, без инсталација на дополнителен софтвер и најважно БЕЗ РЕКЛАМИ и непотребни радио елементи, порачуваат од Radio Happy.

Додаваат дека слушателите добиваат 24 часа одбрана музика на некој од 15-те дигитални музички канали:

– Cafe Radio, Greatest hits, Top 40, Dance, Мак хитови, Мак класик, Ex Yu, Balkan Mix, Hip Hop, Love, Smooth Jazz, Lounge, Rock, МАНска музика (Ohrid style Funk, Blues, Jazz & Jazz Rock) и Happy Kids. Музичкиот избор на долгогодишни и сериозни музички професионалци, во комбинација со врвен звук за одлично easy listening задоволство, потенцираат од Radio Happy, од каде најавуваат дека наскоро ќе биде објавена и Happy апликацијата.

Техничкиот дел е дело на 30-годишниот охриѓанец Анѓеле Мурџоски, кој живее и работи во Словенија и на неговата компанија ElectricalForce.

Радио станиците можете да ги слушате на официјалната веб страна, а повеќе информации секако и на профилите на социјалните мрежи.

May be an image of screen and text

Music is the answer!!!

Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место

Happy Radio – Клик PLAY и УЖИВАЈ!