Да ми кажвеше некој ќе речев “бабини деветини” ама ова го видов и сликав лично јас!
На наш сограѓани,неодамна,во пожар му изгореа двата горни спрата во куќата во близина на Охрид.
Ѕидот од горниот, паднал врз плочата на долниот па циглите и малтерот од ударот (како шо глеате) се издробиле скоро до сол состојба.Ок, напиша на својот ФБ профил активистот и познатиот јутјубер од Охрид Вик Какаротски.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
Од горната полица во кујната,која беше тутуносана, од висина од 2 метра,паднало ова јајце, а врз него цел спрат бетон и ПОГЛЕДНЕТЕ…. Јајцето не беше ни гребнато..Чудо!!
ЧУДО ЧУДОСАНО!!!!😇
– Велам јас,пошо никоаш… на вакви постој не сум вервел,А никоаш не би објавил нешо,доколку ЛИЧНО јас не сум сведок на истото!
За голема среќа во пожарот немат жртви и многу сограѓани,пријатели,наши иселеници се јавија нa повикот да помогнат кој колку можит.
Ова јајце го претставуват нашиот напатен народ кој милиениуми е сочуван само од Божја рака, што е најголем благослов а и клетва во исто време!
📍СПОДЕЛЕТЕ ЗА ДА ДАЈМЕ НАДЕЖ ОНАМУ КАЈ ШО НЕДОСТИГАТ,пошо единствено нешо шо мојт да не спасит е сплотување во име на верата и љубовта. ❤️
П.С:
Доколку сакате да напрајте добро дело и да му помогниме на оштетениот,контактирајте ме.
Среќни Празници Рисјани!!!