АктуелноМакедонија

Во Македонија ќе може да се влезе без серфификат за вакцинација

Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан ковид-19, кокои и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.

За оваа одлука денеска со објава на својот фејсбук-профил информира првиот заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, посочувајќи дека е укината и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи.

 

Нова Македонија