сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Дали КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ направи најголема антиреклама за Охрид ?

Промовиран како спас за езерото, реализиран како антиреклама пред туристичка сезона. Силно медиумски промовиран како решение на Владата кое ќе направи еколошки бум и ќе го заштити езерото од влив на непречистени води, државното јавно претпријатие „Колектоски Систем“ деновиве во медумите заврши како нај голема антиреклама за Охрид непосредно пред главната туристичка сезона.

Силната медиумска „помпа“ која се правеше од како се формира ова јавно претпријатие требаше да им објасни на граѓаните зошто од сега секој месец ќе плаќаат уште една режиска сметка која ќе одлева пари од семејниот буџет, и дека од тоа Охрид ќе има корист бидејќи ќе го заштити езерото како наш најголем ресурст.

Но медиумската помпа очигледно не била проследена со дела па на крај се постигна спротивен ефект и фотографиите од вливот на реката „Грашница“ ја вџашија домашната јавност и направија штета на имиџот на Охрид.

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ НЕГОДУВАЊА И БАРАЊА ОДГОВОРНОСТ

На социјаните мрежи граѓаните искажуваат голем гнев и револт заради случувањата околу менаџирањето со „Колекторот“ за кој тие издвојуваат пари од семејниот биџет. Негодуваат и хотелиерите и угостителите кои исто така плаќаат за работењето на „Колекторот“ но со последниот скандал добија само антиреклама.

Раководството на ЈП КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ до овој момент не се појави на прес конференција да реферира за проблемот пред граѓаните и бизнисто кои плаќаат за неговата работа.