вторник, ноември 26, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Охрид се сеќава: На денешен ден кај Горно Блаце беше убиен војникот Благојче Крстаноски од селото Ливоишта

На денешен ден, 7-ми април, во далечната 1999 година, кај Горно Блаце, Скопска Црна Гора беше убиен војникот Благојче Крстаноски.

Крстаноски, роден во охридското село Ливоишта на 29-ти март 1974 година беше македонски бранител и професионален војник во АРМ.

Загина на самата граница од снајперски оган. Благојче беше првата жртва на вооружените сили во независна Република Македонија, војник кој до последниот момент чесно и пожртвувано ја извршуваше својата должност во одбрана на татковината.