АктуелноОхрид

Билјана Јоноска нова претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид

На синоќешната седница на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, за претседателка на ОК Охрид е избрана Билјана Јоноска.

Јоноска е родена во 1984 година, дипломирала на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола каде што во 2006 година се стекнала со звањето Дипломиран јавен администратор, а во 2014 година, на истиот универзитет станува дипломиран правник.

Моментално е вработена во Државен архив на Република Македонија како инспектор за архивско и канцелариско работење на имателите на јавен и приватен архивски и документарен материјал за општините Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Центар Жупа и Вевчани.

Членка е на ВМРО-ДПМНЕ од 2002 година и освен многубројните активности во партијата, во периодот од 2018 до 2021 година била потпретседател на УЖ. (Крај)

извор: ohrid24.mk