АктуелноОхрид

Исплатени стипендиите за ученици, студенти и лица со посебни потреби и ретки болести

Општина Охрид  ги исплати првите три рати од стипендиите кои по претходно распишан Конкурс  ги предвиде  за    ученици од основно и средно образование,  студенти и лица со посебни потреби  и ретки болести од Охрид.

На 137 основци од градов им се исплатени по 4.500 денари или вкупно  616 500 денари.

На 92- ца средношколци им се исплатени  по 4. 500 денари или вкупно 414  000 денари.  За 15 студенти се исплатени вкупно 135 000 денари, а на 30 лица со посебни потреби и ретки болести   им се исплатени  вкупно 144 000 денари.

Идниот месец е предвидено да се исплатат наредните три рати од средствата што Општина Охрид ги предвиде за овие категории  лица.

 

општина Охрид