недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) На повеќе локации во Охрид испишана буквата „Z“

Во текот на ноќта на повеќе локации низ Охрид е испишана латиничната буква „Z“ со црвено. Овие симболи се испишани кај Проаква на билборд, на пешачката патека кај месноста „Горица 3“, и кај  затворениот базен. Што ова значи?

Инаку ова прашње подолго се поставува помеѓу аналитичарите. За прв пат оваа латинична буква ја видовме откако Русија ги испрати трупите во Украина. Буквата „Z“ која ја има во латиничното писмо, но не и во кирилицата е исцртана на тенковите и оклопните возила на Москва  и стана главен симбол на земјата на социјалните мрежи, а осамна и на облеката и на униформата на спортистите.

Нема консензус за тоа што всушност означува буквата, но неколку недели по почетокот на воениот напад на Русија во Украина, тоа стана синоним за руската армија. И сè повеќе, се користи како крик или за поддршка на операцијата во Украина – или против неа.

На официјалните страници на руското Министерство за одбрана на Инстаграм и Телеграм се објавуваат пораки кои започнуваат со оваа буква, како што се „Za Pobedu” (За победа), „Za Mir” (За мир), „Za Pravdu” (За вистината) и „Za Rossiyu” (За Русија).

Меѓу теориите што се вртат, едната е дека „Z“ ја означува првата буква од рускиот збор „Запад“, што значи Запад, што е референца за силите на западната воена област.

Некои набљудувачи забележаа дека тоа е првата буква во презимето на украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Но, без оглед на тоа, низа политичари, познати личности и влијателни лица сакаат да го покажат својот патриотизам со испишување на буквата што е симбол на верноста кон Кремљ.