АктуелноОхрид

НАЈНОВА ВЕСТ: Поскапената струја удри на ЈП ВОДОВОД Охрид – побарано исклучување

ЈП ВОДОВОД Охрид добил налог да му биде исклучено напојувањето со електрична енергија на управната зграда и деловниот објект „Наплатен центар“ – дознава „Охрид 1“. Барањето е поднесено од страна на приватниот снабдувач со електрична енергија , компанијата ЕДС – ЕНЕРЦИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС.

Информацијата пред малку ја потврдија и од претпријатието. Доспеаниот долг за наплата изнесува 23 886 568 денари од кои 1 милион денари се платени денеска  и останале 22 886 568. Овој износ е за месеците од август кога почна да расте цената на струјата наваму.

Локалните власти низ Македонија се соочуваат со големи проблеми предизвикани од сметките за потрошена електрична енергија, а од централната власт во Скопје велат деак тоа е проблем на општините, а не на државата.

КАКВИ ПОСЛЕДИЦИ ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ОВАА СОСТОЈБА ? !

Цените за потрошена електрична енергија се закануваат да ги турнат во колапс јавните претпријатија низ Македонија, а општините да ги стават во финансиско ропство кон добавувачите на електрична енергија.

Државата се оградува од овој проблем и јавно кажува дека нема намера ништо да субвенционира или да дава финансии кон општините за решавање на кризата, а од друга страна најголемиот дел од општините се водени од ВМРО ДПМНЕ, што пак во дел од јавноста отвора полемика дали централната власт која е предводена од СДСМ на овој начин политички се пресметува со локалните власт.