АктуелноОхрид

Приведен Албански државјанин – го нарушил јавниот ред во угостителски објект на плоштадот

На 16.03.2022 година околу 23 часот, во СВР Охрид приведен е 47 годишен жител П од Велќан-Република Албанија. Тој, претходно во угостителски објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон вработените во локалот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.