недела, ноември 24, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Советот на за развој на Југозападниот плански регион ја разгледуваше информацијата за Грантова шема во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – втора фаза на спроведување“

Денеска се одржа втората седница на Советот на за развој на Југозападниот плански регион. На дневен ред беа повеќе точки меѓу кои Разгледување на годишните сметки за работење на центарот за развој на Југозападниот плански регион во 2021 година и за проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој- прва фаза на спроведување“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

„На средбата се разгледуваше информацијата за Грантова шема во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – втора фаза на спроведување“. Се дискутираше и за повикот за регионални проекти за развој на планските региони преку Програмата за регионален развој 2022 -23 година на Бирото за регионален развој, а на дневен ред беше и информацијата за тековна реализација на регионалните проекти финансирани преку Програмата за регионален развој 2021-22 година .

Во вториот дел од седницата се одржа презентација за легислативата за изработка и донесување на Просторниот План на РСМ од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и презентација на методологијата и видови на документи потребни како документациска основа за изработка на ППРСМ од страна на Агенцијата за планирање на просторот“, вели градоначалникот Пецаков.