АктуелноОхрид

Пецаков се сретна со министерката за култура – воспоставената добра соработка помеѓу Локалната самоуправа и Министерството продолжува

Денес остварив средба со Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска
👉Разговаравме за меѓусебната соработка, особено во делот што се однесува на УНЕСКО, како и за подобрување на комуникацијата помеѓу сите засегнати институции и организации.
👉 Ја запознав министерката со тековните проекти кои се одвиваат во градот, како и за активното учество на Општина Охрид во изработката на трите планови за Охрид и за процесот со дислокација на депонијата „Буково“.
👉Заедно беше констатирано дека веќе воспоставената добра соработка помеѓу Локалната самоуправа и Министерството мора да продолжи во интерес на градот, напиша на својот Фб профил градоначалникот Кирил Пецаков.