Пионерките на ЖРК Струга одиграа драматичен натпревар против екипата на Вардар Илинден, во дербито на пионерската лига, кое заврши без победник, со резултат 21:21.
Стружанки на полувремето имаа негатива од четири гола (13:9), но во вториот дел покажаа борбеност и карактер, успевајќи да направат целосен пресврт и да поведат со три гола разлика.
Сепак, домаќинот не се предаде, па во неизвесната завршница одлучуваа последните секунди. Седум секунди пред истекот на времето, ЖРК Струга реализираше пенал за конечни 21:21 и освојување значаен бод во дуелот со еден од главните конкуренти за титулата.
Со овој резултат, младите ракометарки на Струга уште еднаш покажаа дека до последниот момент се борат за позитивен исход.

















