Немаме намера да останема во Македонија, овде само транзитираме како туристи, и целта ни е да ги посетиме синагогите, гробиштата и други културно историски споменици на еврејската заедница.
Вака членовите на групата Лев Тахор денеска на средба со новинарите објаснија зошто престојуваат во нашата земја. Велат ќе останат еден месец иако имаат пресотој од 90 дена. Непријатно се изненадени од говорот на омраза и предрасудите кон нив поради што во повеќе наврати беа принудени да ја менуваат локацијата. Потрошиле многу пари и не исполниле ниту еден од нивните палнови за туристичка посоета.
Велат дека се во посотоајно патување, некои работат онлајн, други живеат од заштеди и се помагаат меѓу себе. Сакаат да најдат место каде ќе останат да живеат и да ја шират својата религија. Но велат дека не киднаприраат деца, како што се создава фама за нив.
Иако дел од жителите на Лакочерај се спротистваија на нивниот престој во Охридски Лакочерееј и побараа тие веднаш да бидат дислоцирани, сепак дел од нив бараат месното население да покаже гостопримство.
И сопственикот на хотелот во Лакочереј каде се сместена групата, Марјан Ивановски е изненаден од односот на жителте.
Жителите пак на Гоорно лакочереј остануваат на својот став групата да земине од нивното село и за вечерва најавија протест.
извор/фото: агенции