понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

Скапиот бензин и „слогата“ ги собра кандидатите од СДСМ во едно возило на интервју во Скопје

Живка Ангелоска, Гордана Јованоска, Кристина Крлеска Деспотоска и Ристе Најдески со една кола денес тргнале во централата на СДСМ во Скопје , каде треба да бидат интервјуирани пред изборот на нов Претседател на СДСМ во Охрид.

Иако конкуренција на изборот, тие сложно со едно возило патуваат кон главниот град каде ќе бидат оценувани при изборот.

НАУМЕ ЈОВАНОСКИ НЕ ОДИ НА ИНТЕРВЈУ

Како што дознаваме во Скопје не отпатувал актуелниот претседател и кандидат за уште еден мандат Науме Јованоски Чакар.

Тој за „Охрид1“ прашан зошто не оди на интервју одговори:

„Немам коментар“ !

Живка Ангелоска минатите децении има поминато бројни функции, од директорка на ЈП Градски Пазар од 2009 до 2013, потоа  од 2014 до 2017 беше координаторка на жени на СДСМ  Охрид, потоа од 2017 до 2021 советничка и повторно е советничка во сегашниот состав. Во власта на СДСМ е вработена во т.н. „Имтоно правни“ и назначена за Началник на „Имотно правни“. Гордана Јованоска од 2009 до 2013 диркеторка на Билјанини Изводи, и повторно од 2017 до 2021 директор на претпријатието. Кристина Клеска Депотоска во СДСМ пристапила 2017 по што станала директока на Пазар. Се подготвува за раководител на Централе нрегистар.

Ристе Недески до сега бил на една функција, директор на Затвор – Охрид.