сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

ЈП Градски Пазар: Борбата со дивите продавачи продолжува!

Нелегалните продавачи повторно ги узурпираат тротоарите,пешачките патеки, паркинзи.
Директорот на Градски Пазар во координација со Општинскиот инспекторат редовно ќе спроведува акции за отстранување на дивите продавачи , нагласувајќи дека не е фер некој да плаќа наем за тезга на пазар, а друг да остварува чист профит продавајќи каде што сака.
Во Затворениот зелен пазар има 120 тезги, па ги замолуваме сите подавачи својата дејност да ја обавуваат согласно со законот, велат од ЈП Градски Пазар – Охрид.