Припадници на сектата „Лев Тахор“ од ноќеска се во Горно Лакочер. Жителите на ова Охридско село веднаш штом ги виделе, велат оваа група треба да си замине од селото. Тие веќе се организираат да протестираат.
„Сектата е донесена ноќеска и сместена е во хотелот во нашето село. Ние ќе реагираме на ова затоа што во Лакочереј ја донесоа сектата што ја бркаат од целиот свет. Нив не ги примаат ни во Америка ни Израел, а овде ги донесоја со обезбедување. Сега се собираме и одиме да бараме да ги дислоцираат. Ова е за нив изворче на нафта од кое што ќе прават пари во хотелот, а ние цело село ќе се плашиме и сме вознемирени од новното присуство. Ова нема да го оставиме вака“, вели за Охрид 1 Илче Настоски, жител од Горно Лакочереј.