недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

СВР за несреќата кај Подмоље во која загина едно лице

На 21.02.2022 година во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди“ управувано од 24 годишен жител од селото Белчишта, општина Дебарца и „Фолксваген Поло“, управувано од 30 годишен Охриѓанец. На местото на несреќата починал возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека возач на возилото „Ауди“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.