петок, ноември 29, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Дупката на “Јане Сандански”веќе е обележана како опасна зона и истата ќе биде саниран во најбрз можен рок

Дупка се отвори на новиот тротоар на улицата “Јане Сандански” во Охрид.  Граѓаните за да се избегнат последици истата сами ја означија ставајќи гранка во дупката која е под бекатон плочките кои сеуште стојат залепени една за друга додека под нив е празен простор.

Но, по објавата на Охрид 1, експресно реагираа од ЈП Нискоградба. Тие веднаш излегоја на терен. Директорот на ЈП Александар Трпеноски за Охрид 1 вели дека теренот веќе е обележан како опасна зона и истиот ќе биде саниран во најбрз можен рок.

Ова покажува дека Јавните претпријатија се достапни и активни 24/7 што значи граѓаните доколку имаат потреба или забележат некој дефект веднаш треба да ги известат истите. Ова е доказ дека екипите се постојано на терен.