петок, ноември 22, 2024
АктуелноОхрид

Поскапе меѓуградскиот превоз, повратен билет Скопје-Охрид сега чини 930 денари

Цените за билетите за меѓуградските линии од денеска се зголемени за 15 до 20 отсто.

Во моментов најскапо е патувањето со автобус од Скопје кон Охрид и обратно, кое со последното зголемување во еден правец чини 680 денари, додека повратен билет е 930 денари, објави Сител.

Возење во еден правец од Скопје до Гевгелија од денеска чини 520 денари, а повратниот билет е 770 денари.

Според превозниците, зголемените цени на горивата, резервните материјали, струјата и прогласувањето на недела неработен ден, се причини за поскапувањето.

Цената на меѓународниот превоз за сега останува непроменета. Дали ќе има зголемување и за надвор од државата, ќе се знае до крајот на месецот. Инаку превозниците неколку пати побарале помош од државата да им се намапалат патарините или да се откаже државата кај дел од акцизата.