АктуелноОхрид

Дел од превозниците се децидни: Нема промена на цените, истите се важечки повеќе од една година

Веста дека се зголемени цени на билетите за меѓуградскиот превоз ги „размрда“ превозниците. По објавата на повеќе медиуми дека од денеска цените за билетите за меѓуградските линии се зголемени за 15 до 20 отсто, реагираат дел од превозниците.

Сопственикот на АД „Галеб“ Охрид, Димитар Василески вели дека нема промена во цените на билетите.

„Наведените цени се важечки повеќе од една година,односно од 20. 01. 2021“, вели Василески.

И од Компанијата „Класик“ со истиот став. Тие велат дека кај нив повратен билет  Скопје – Охрид чини 800 денари.