Заедно со дел од советниците од Советот на Општина Охрид, бевме во посета на компанијата „КОСТАЛ“.
-Генералниот директор на „КОСТАЛ“, Виктор Мизо не запозна со историјата на компанијата, финансиското работење и со производите што се произведуваат во компанијата во Охрид.
– После презентацијата извршивме обиколка низ производствените линии каде одблиску се запознавме со начинот и динамиката на производствените капацитети на компанијата.
– Заедно заклучевиме дека меѓусебната соработка е од големо значење, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.