На 05/06.02.2022 година, од 20 до 02 часот, на подрачјето на СВР Охрид, при извршени акциски сообраќајни контроли, полициските службеници контролирале 211 патнички моторни возила (Охрид-80, Струга-74, Кичево-25, Дебар-32) и затекнале 12 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-07, Струга-02, Кичево-02, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на доследно почитување на поставената сообраќајна сигнализација, неуправување возило под дејство на алкохол и некористење мобилни телефони во текот на возење со што, придонесуваме за зголемена сообраќајна безбедност.