Оперативните служби од рано утрово се на терен и ги чистат улиците во Охрид од снежните наноси со сол и ризла.
Покрај екипите на ЈП „Охридски комуналец”, „Нискоградба”, „Билјанини Извори”, кои до доцна во ноќта беа на терен, од утринава нив им се приклучи и екипа на ЈП „Водовод” Охрид.
Голем дел од критичните точки се исчистени, а во најголем дел тротоарите и пешачките патеки се проодни.