Во таа насока членовите на клубот за подводни дејности „Охрид“ го чистеа дното на Охридското Езеро кај пристаништето каде треба да биде спроведено положувањето на Светиот крст во осветените води.
Исто така екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ го украсуваат централното градско подрачје во знакот на Богојавленските празнувања, стои во ФБ објавата на градоначалникот Пецаков.