Попладнево го посетив семејството чија куќа денес беше зафатена од пожар.
Брзата интервенција на Територијалната противпожарна служба спречи понатамошно проширување на пожарот.
За среќа во пожарнот нема жртви, а причинета е поголема материјална штета, напиша на својот ФБ профол градоначалникот Кирил Пецаков. Во продолжение на објавата градоначалникот додава:
Од страна на надлежните служби се информирав за целокупната ситуација и настанатата штета. Следува истрага за причината поради која настанал пожарот, додека ние ќе во рамки на можностите ќе се обидеме да излеземе во пресрет на семејството.