На 12/13.01.2022 полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на 52 годишен жител од охридското село Горенци.
Притоа, пронајдени се и одземени една ловна пушка „Монте Карло“ калибар 12 милиметри и 30 куршуми за ловна пушка различен калибар што нелегално ги поседувал.
По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.