АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа на кружниот тек кај Охрид Мол

Попладнево на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, на кружниот тек кај трговскиот центар Охрид Мол, се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа две возила.

Според првичните неофицијални информации, во несреќата нема повредени лица, а причинета е само материјална штета на возилата.

Засега не се познати причините и околностите под кои дошло до судирот.

Се очекуваат официјални информации од СВР Охрид.