ОВР Струга поднесе кривична пријава против 23-годишен жител на Вевчани, поради сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Како што информираат од полицијата, при контрола на локалниот пат од Вевчани кон струшкото село Октиси, полициските службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

















