АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Денес се празнуваат Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј

Сите беа од Седумдесетте апостоли. Последните тројца се прославуваат и на друг датум, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28 април, а Терциј на 30 октомври.

 

Светите Олимп и Родион беа следбеници на апостолот Петар и кога тој пострада пострадаа и тие, на заповед од Нерон беа обезглавени. Ераст беше најпрво економ на Црквата во Ерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска.

 

Кварт беше епископ во Бејрут, многу страдаше, но и многумина ги приведе кон Христовата вера. Сосипатар беше епископ во Иконија, а Терциј беше втор епископ во истата таа Иконија.

 

Духовно војуваа, станаа победници и зедоа венци на невенлива слава.

 

 

 

denovi.mk