АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

ДЕБАКЛ НА ПРОТЕСТОТ НА СДСМ ВО ОХРИД – ЕДВАЈ СТОТИНА ПРИСУТНИ, ПОЛОВИНА ДОЈДЕНИ СО АВТОБУС ОД КИЧЕВО

Протестот што денеска се одржа пред Соборниот храм во Охрид, а кој граѓанските иницијативи го поврзаа со политичко вмешување на СДСМ, помина со исклучително слаба посетеност. Според проценките од терен, присуствувале едвај стотина лица, од кои, според непотврдени информации, околу 50 пристигнале со автобус од Кичево.
Ваквиот дебакл доаѓа по жестоките реакции на граѓаните кои спонтано започнаа да организираат протест за правда за брутално претепаната охриѓанка.
Во Вибер-групите со над 1.800 членови се појавија обвинувања дека активисти на СДСМ се обиделе да ја преземат организацијата и политички да профитираат од граѓанскиот револт. Граѓаните објавија и преписки, категорично порачувајќи дека нема да поддржат партиски протест.
На политичкото вмешување остро реагираше и иницијативата „Ниту една повеќе“, која се бори против насилството врз жените.
„Улиците и протестите ни припаѓаат нам, граѓанските! ГНЕВОТ НЕМА ДА НИ ГО ЗЕМЕТЕ“, порачаа од иницијативата, осудувајќи ги партиските упади и обидите за инструментализација на женското движење.
Наместо масовен протест за правда, Охрид денеска доби собир со скромна посетеност и сериозни обвинувања за партиско присвојување на граѓанската иницијатива.
Дали обидот за политичко профитирање од трагедијата го задуши граѓанскиот револт и доведе до дебакл на протестот?
Ohrid1.com / Фото: Ohrid press