Ученици од Охрид со иновативна идеја за модернизација на начинот на купување автобуски билети учествуваат на натпревар на републичко ниво, каде што имаат можност да ја претстават својата идеја и да добијат поддршка од јавноста.
Нивниот проект е насочен кон решавање на секојдневните проблеми со кои се соочуваат патниците при купувањето автобуски билети, особено долгите редици пред билетарниците, губењето време и ограничената достапност на услугите.
Како што посочуваат младите иноватори, традиционалниот начин на продажба на автобуски билети има низа недостатоци кои негативно влијаат и врз патниците и врз автобуските превозници.
Во периодите на најголема фреквенција, особено во утринските часови, за време на викендите и празниците, пред билетарниците често се создаваат долги редици. Патниците се принудени да пристигнуваат значително порано за да обезбедат билет, а поради бавната обработка на податоците понекогаш ризикуваат и да го пропуштат автобусот.
Дополнителен проблем претставува ограниченото работно време на билетарниците, поради што патниците кои патуваат рано наутро или доцна навечер можат да се соочат со тешкотии при купувањето билети.
Учениците посочуваат и дека голем дел од помалите автобуски превозници сè уште немаат сопствени дигитални платформи за продажба на билети.
Токму овие предизвици се во фокусот на проектот на охридските ученици, чија идеја е насочена кон поедноставување и модернизација на процесот на купување автобуски билети.
## Да ги поддржиме младите иноватори од Охрид!
Охридските ученици сега имаат потреба од поддршката на своите сограѓани, но и на сите кои веруваат во знаењето, креативноста и иновативноста на младите.
Гласањето се одвива онлајн, а секој што сака да ги поддржи може да го направи тоа преку следниот линк со клик 👉 Т У К А
Да покажеме дека Охрид знае да ги препознае и поддржи своите млади таленти!
Гласајте за нашите Охриѓани и споделете го линкот за нивната идеја да добие што поголема поддршка!**
Директен линк за гласање: Поддржете го проектот на охридските ученици со клик ТУКА https://milioner.mk/vote/745a53d7-fab7-4b5a-8fa6-a146723be48e


















