АктуелноОхрид

Охрид прогласен за „Младински пријателски град“ за Југозападниот плански регион за 2026 година

Општина Охрид ја доби националната награда „Младински пријателски град“ (Youth Friendly Town) за Југозападниот плански регион за 2026 година. Признанието беше доделено денеска, во рамки на Четвртиот Национален форум за младинска работа.

Наградата претставува признание за активностите и посветеноста на Општина Охрид во создавањето подобри можности за младите, поттикнувањето на младинскиот активизам и вклучувањето на младите во општествените процеси.

Во рамки на форумот, претставник на Општина Охрид учествуваше и на панел-дискусија посветена на институционалната и финансиската поддршка на младинските центри и младинската работа. Заедно со други градоначалници беа разменети искуства и мислења за предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи во создавањето подобри услови за младите.

Со добивањето на ова национално признание, Охрид се најде меѓу општините кои се издвојуваат по своите заложби за развој на младинските политики и создавање средина во која младите имаат можност активно да учествуваат, да ги искажуваат своите ставови и да придонесуваат во развојот на заедницата.