Со цел да придонесат за почиста и поуредена животна средина, членовите на Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ОК Охрид спроведоа еколошка акција на плажата „Немо“.
Преку оваа иницијатива, младите испратија порака за важноста на личната одговорност и грижата за јавните простори, нагласувајќи дека позитивните промени започнуваат од секој поединец и од свеста за средината во која живееме.
Со ваквите активности, младите покажуваат дека не се само набљудувачи, туку активни учесници во градењето на почиста, поуредена и поодговорна заедница.
Еко-акцијата е уште еден пример дека со заеднички ангажман и мали, но конкретни чекори може да се даде значаен придонес за заштита на животната средина.

















