На 25.10.2026 во 01:00 часот во струшкото село Мислешево, полициски службеници го лишија од слобода лице на (60) од Скопје.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мг“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,22 промили алкохол во крвта.
Тој веднаш е исклучен од сообраќај, по насоки на јавен обвинител одземено му е патничкото возило и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



















