АктуелноОхрид

Водата за пиење во Струга и околните населени места е безбедна, покажуваат анализите

Водата за пиење во неколку значајни установи и населени места во Струшкиот регион е со одличен квалитет и ги исполнува пропишаните стандарди за безбедна употреба, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга.

Според резултатите од направените анализи на земените примероци, исправноста на водата е потврдена во Општата болница, детската градинка „Сонце“, Заводот за нефрологија, како и во селата Радолишта и Радожда.

Од претпријатието посочуваат дека контролата на квалитетот на водата се спроведува континуирано, согласно важечките стандарди и препораките на надлежните институции.

Редовното следење на состојбата е насочено кон одржување на безбедноста на водата за пиење и обезбедување сигурно водоснабдување за граѓаните.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга порачуваат дека остануваат посветени на следењето на квалитетот на водата и исполнувањето на условите за нејзина безбедна употреба.

Резултатите од анализите претставуваат информација за состојбата на испитаните примероци од наведените локации.