СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик.
На катастарска парцела во охридското село Рамне, тој без одобрение за градење од надлежен Државен орган започнал со градба на бетонска плоча и други придружни градежни зафати.
Од градежна инспекција донесено е решение за отстранување на градбата.



















