Општина Охрид ги известува граѓаните дека на локацијата каде што претходно беа поставени подземните контејнери, во тек е подготовка за изградба на објект – „Зелена соба“, во кој ќе бидат поставени контејнери за селекција на отпадот, како и контејнери за комунален отпад.
Во моментов, на локацијата има ископ со поголема длабочина во кој е насобрана вода. Просторот е соодветно обележан и обезбеден со жолти предупредувачки ленти со натпис „Внимание – градежни работи“.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.














