Охрид

Водата во Струга е безбедна со одличен квалитет според последните анализи

Ве известуваме дека, врз основа на резултатите од анализите на примероците од водата од извор “Шум”, Општа Болница, Бензинска Макпетрол, Градинка Сонце, Завод за нефрологија, с.Биџево и с.Долна Белица, е утврдено дека водата за пиење е со одличен квалитет, безбедна и ги исполнува сите пропишани стандарди за употреба.
Квалитетот на водата континуирано се следи согласно важечките стандарди и препораките на надлежните институции, со цел да се обезбеди сигурно и квалитетно водоснабдување за сите граѓани, известуваат од ЈП „Водовод и Канализација „ Струга