АктуелноОхрид

Нови инвестиции за подобрување на наставата во ООУ „Христо Узунов„

Денес во ООУ „Христо Узунов“ извршивме увид во реализираните инвестиции за подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.
‎
‎Од 2023 година до денес, во училиштето се вложени 12,5 милиони денари, од кои над 7,2 милиони денари само во 2026 година.
‎
‎Реконструирани се училници, обновен е подот во холот, уреден е кабинетот по информатика, поставени се интерактивни табли и нови врати, реконструирани се потпорните ѕидови, заменети се парните котли, а посебно внимание посветивме и на сензорната соба.
‎
‎Продолжуваме да инвестираме во училиштата, затоа што вложувањето во образованието е вложување во нашите деца и во иднината на Охрид.