АктуелноОхрид

Лице од струшко Октиси паднал во ископ за бунар во дворно место, констатирана смрт без траги на насилство

На 14.09.2026 во 15:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека  лице на (70) од струшкото село Октиси паднал во ископ за бунар во дворно место на куќа во селото, што го вршела градежна фирма.

 

Неговото тело било извлечено од припадници на Територијалната противпожарна единица од Струга, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Здравствен дом Вевчани.

 

Увид извршија јавен обвинител, претставници од Државниот инспекторат за труд и полициски екипи. Врз телото на починатиот, ќе биде извршена обдукција.